ВЕЧЕРВА (17.45), ГОЛЕМОТО ДЕРБИ НА МАК-БАСКЕТОТ

МЗТ мора, Работнички – не!

Императивната форма е кај актуелниот бранител на титулата, пред се поради тоа што сеуште не ја „потврдил" позицијата број 2 во регуларниот дел од сезоната во кој Работнички делува неприкосновено, со само еден пораз досега...

објавено: 3 мај 2018 - 13:50

МЗТ Скопје и Работнички уште еднаш во оваа сезона, по петтти пат...

Работнички е далеку поуспешната екипа од онаа шампионската на МЗТ Скопје. Исклучок, и тоа голем, прави триумфот, најважен досега во нивните меѓусебни дуели, оној во финалето на Купот, кој има го донесе на металците" и првиот трофеј во сезоната.
Засега барем, се многу далеку до оној вториот – шампионскиот.
Тука во голема предност е нивниот најголем ривал низ историјата.
Работнички одамна го потвди местото број 1, и предноста која ја дава таа позиџија. Да има натпревар плус на домашен терен во доигрувањето за титулата.

Од друга страна МЗТ Скопје се мачи да биде и втор, Проблеми му прави Блокотехна, која игра одлично за еден дебитант. И има исто бодовно салдо како и тимот од „Јане Сандански".
Сепак, вечерашната загуба на гевгеличани во Куманово, е сигнал за МЗТ дека со победа на вечерашниот натпревар (17.45 часот), ќе ги тргнат и тие дилеми. И дека полуфиналните мечеви со Блокотехна ќе ги дочекаат на местото број 2.
За разлика од неко ипретходни натпревари во оваа сезона, раководството на МЗТ Скопје ги отвори вратите на СЦ „Јане Сандански" за сите оние кои омиелна боја им е црвено-белата. Дозволи влезни биле во слободна продажба за сите оние кои сакаат да гледаат некоја „нормална кошарка" во која ќе нема „расипани семафори", или пак селидба надвор од главниот град (како на пример Гостивар).
Се со една цел, вечното дерби во мак-баскетот да биде спектакл, и тоа во вистинска смисла на зборот. Да се заборави на сето она што претходно било, и конечно публиката да ужива во она што ќе го прикажат веројатно и двете најдобри наши екипи во овој момент.

Најново во Кошарка