СИ ДАДОА „АВТОГОЛ", СИ ЈА ПОНИШТИЈА ОДЛУКАТА

МКФ ВЕЌЕ НЕ Е НИКАКОВ ФАКТОР НА ОДЛУЧУВАЊЕ!?

Наместо УО на МКФ, за статутот на Шкупи одлучи Здружението на прволигашите, кое нема правна основа да носи вака важни одлуки...

објавено: 27 септември 2018 - 13:15

Шкупи, сепак, ќе игра во елитата и во следната сезона, откако Здружението на прволигашите го прифати барањето на чаирчани за задоцнето плаќање на котизацијата, поради што претходно му беше одземен статусот член на Првата лига.

Во натпреварувачката сезона 2018/2019 во Првата лига на Македонија ќе се натпреваруваат вкупно единаесет екипи.
Ова откако со едногласна одлука на Здружението на Прволигаши одлучи да го прифати барањето на Шкупи за играње во Првата лига и покрај задоцнетата уплата на котизација.

Претходно, поради подоцнежно плаќање на котизацијата од 10.000 евра на Шкупи му беше одземен статусот член на Првата лига.
Ова истовремено беше потврдено и од Комитетот за итност на МКФ, што значи дека предводниците на макбаскетот и дефинитивно не се фактор на одлучување, дека едноставно, ги префрлија своите ингеренции на Здружението, и самите ја поништија одлуката која ја донесоа пред речиси еден месец.
Тогаш категорично беше одреден последен рок за плаќање на сите долгови, што не беше испочитувано само од Шкупи и на овој тим не му беше прифатена пријавата да игра со најдобрите.
Но, откако клубот од Чаир во меѓувреме, наводно, нашол сериозен спонзор, ете испаѓа дека МКФ се смилува, па реши да си ја поништи сопствената одлука.
Секакло, до голема доза на алиби, односно дека тоа е на барање на Здружението на прволигашите, кое нема никаква правна можност за донесување било какви одлуки.
Претседател на Здружението останува Видоја Секулоски од МЗТ Скопје, со потенцирање на желбата за враќање на контролата врз овој орган која пред извесно време беше одземена од претседателот Петар Наумоски.
Актуелниот шампион Работнички ќе ја брани петнаесеттата титула во домашното првенство против МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар, Куманово, Блокотехна, Пелистер, АВ Охрид, Кожув, Фени Индустри, Вардар и против Шкупи, кое за потсетување, стартува на 6. октомври.

Најново во Кошарка