СКАНДАЛ ВО М-12 ЛИГАТА ВО МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА

МКФ бара да се игрa, Партизан бара службена победа

Различни толкувања околу неодиграниот меч помеѓу ФМП Академија и Партизан Мулти шпед

објавено: 29 мај 2018 - 20:10

Комесарот за натпреварување, Владо Цветковски, ги извести ФМП Академија и Партизан Мулти шпед, дека мора да играат, иако средбата од лигата за играчи до 12 години, не се одигра во оригиналниот термин поради непојавување на домашниот клуб.

Објаснувањето на комесарот е дека пред околу две недели, кога требаше да се игра мечот, дошло до одредени „недоследности во кореспонденцијата помеѓу клубовите и канцеларијата на МКК".

МКФ свесно, и на сила ги штити клубовите кои ги кршат пропозициите. ФМП е фатен како со фалсификат играчи се обидува да игра во М-12, а по пријава на МЗТ, губи службено. Потоа, тие свесно не дојдоа на натпревар на кој беа домаќини. Во терминот даден од ФМП, во салата беа присутни нашите играчи, делегатот и судиите. Само домашните не се појавија. Им ѕвоневме на телефон, а одговорот беше дека џабе ги чекаме, бидејќи заборавиле оти мечот треба да се игра тој ден, и немаат време да ги соберат децата. Направен е делегатски извештај и уредно доставен до МКФ. Согласно пропозициите, натпреварот треба да биде регистриран со службен резултат и тоа во рок од 7 дена. Комесарот Цветковски тактизираше, а сега дава грубо речено наредба да се преигра мечот, со цел да ги заштити оние кои се однесуваат како МКФ да е нивна своина, и можат да прават што сакаат" - вели тренерот на Партизан МШ, Тони Симиќ.

Симиќ објаснува зошто неговиот тим нема намера да го одигра мечот со ФМП.

„Непојавување на екипа значи службен пораз и очекуваме исход според пропозициите за натпреварување. Ние немаме намера да го одиграме мечот" - додава Симиќ.

 

Најново во Кошарка