ПРВИ ПОСЕРИОЗНИ ПРОМЕНИ ВО ГЕВГЕЛИСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Кожув се откажа од Радуловиќ и Мишковиќ

Александар Радуловиќ и Иван Мишковиќ повеќе не се играчи на гевгелиски Кожув.

објавено: 31 декември 2018 - 11:00

Раководството на екипата од југот на Македонија, незадоволно од нивните перформанси, одлуши да ја прекине договорната соработка со двајцата искусни кошаркари од Србија односно Црна Гора.
Тоа се и првите промени по онаа тренерската, на која на местото на шеф на стручниот штаб е поставен Александар Јончевски, а доскорешниот прв тренер Павле Николов ќе виде во улога на асистент.
Радуловиќ одигра десет првенствени натпревари на кои во просек реализираше по 7.2 поени, 5.5 скока и 1.4 асистенции.
Мипковиќ, кој имаше проблеми со повредите, одигра двојно помалку, само пет. Притоа имаше сличен ефект од 7.2 поени и 3.6 скока.
Радуловиќ ги одигра и сите пет мечеви во БИБЛ лигата. Со нешто подобри бројки – 11. поени, 6 скока и 1.2 асистенции, додека пак на четири средби Мишковиќ дојде до дабл-дабл ефект од 13.8 поени и 10.5 скока.

Па оттука прва задача на новиот предводник на гевгеличани ќе биде пронаоѓање на соодветни замени, веројатно повторно од страна, со оглед на не баш квалитетниот играчи пазар кај нас оваа зима. 

 

Најново во Кошарка