ТРЕНЕР KOЈ ЧЕКОРИ КОН ЕВРОПСКАТА ЕЛИТА

Јаковлевски го освојува Истокот...

Ивица Јаковлевски, про тренер, започна да одржува професионални тренинзи надвор од државата, со својот про баскетбал тренинг отвара друга димензија но и посебен пристап на кошаркарски тренинг низ цела Европа.

објавено: 14 јуни 2018 - 21:15

Ивица Јаковлевски, про тренер, започна да одржува професионални тренинзи надвор од државата, со својот „Про баскетбал“ тренинг отвора друга димензија но и посебен пристап на кошаркарски тренинг низ цела Европа.

Во изминатиот период овој млад тренер беше дел од кошаркарсктие кампови во Русија и во Украина 

„Камповите се во организација на Агенцијата „Про футуро Спортс“ од Белград која се занимава со посредување на спортски стипендии во САД. Првиот камп беше одржан во Москва, каде учествуваа 45 играчи, а вториот пак во Киев Украина на кој присуствуваа околу 60 играчи.

Тренинзите беа тр дена во Москва и два во Киев, траеа по четири часа дневно со половина час одмор.


Задоволството беше очигледно и кај играчите и кај родителите. Во таа прилика добивме покана од нив, дека  сакаат уште еден камп, и тоа да се одржи што е можно поскоро, затоа што на тренинзите беа демонстрирани многу ефективни движења и елементи од кошаркарската игра“- појаснува Јаковлевски, првиот тренер во Македонија кој одржува вакви кампови под своја програма за работа.

Следен е кампот во Истанбул, потоа и Милано, и секако, многу други...

 

Најново во Кошарка