ДАЛИ СУДИИТЕ ДОНЕСОА ВИСТИНСКА ОДЛУКА?

ИМАШЕ ЛИ ПРЕКРШОК: Дали Синовец го фаулираше Џинјард? (ФОТО)

Голема бура донесоа последните секунди од вториот меч од финалето на плеј-офот.

објавено: 24 мај 2018 - 10:36

Голема бура донесоа последните секунди од вториот меч од финалето на плеј-офот.

Оние во кои две судиски одлуки некако се ставија во „преден план", секако и она погрешно додавање на капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски.
Сепак, пред се, на социјалните мрежи, сега некако најмногу се дискутира за последната акција на Работнички Односно моментот кога Американецот Маркус Џинјард пробива кон противничкиот кош.

Го следи Стефан Синовец во дефанзивата, но на 1.2 секунди пред сирената, судијата Игор Митровски го оквалификува стартот на Србинот како прекршок, и досуди две слободни фрлања.

Џинјард ги реализираше двата „пенали", доволно за минимално водство (76:75) и победа на Работнички кој сега има големи (2-0) во финалето.

Најново во Кошарка