УШТЕ ДВЕ НОВИ ИМИЊА ВО КОЖУВ

Има договор, има потпис со Штерјов и Караколев

Откако беа потврдени договорите со седум кошаркари, најголем дел од нив кои беа дел од тимот во минатата сезона, челниците на Кожув реализираа уште два нови...

објавено: 20 јули 2018 - 14:02

Откако беа потврдени договорите со седум кошаркари, најголем дел од нив кои беа дел од тимот во минатата сезона, челниците на Кожув реализираа уште два нови...

Во тимот дојде еден „повратник", Александар Штерјов, заедно со него уште еден довчерашен играч на Куманово, Никола Караколев.
Со оваа потврда на најавите, Кожув стигна до бројката од деветмина коашркари во оној прволигашки ростер за наредната натпреварувачка сезона.


Но нема да биде никакво изненадување доколку многу брзо во Гевгелија пристигне и десеттиот.
Со оглед на тоа дека во овој состав недостасува уште еден добар организатор на играта, изборот на гевгеличани дознаваме, паднал на исусниот разигрувач, Јане Петровски.
Петровски веќе нема обврски спрема екипата на Фени Индустри каде беше незаменлив дел во неколку сезони. Но лошата финансиска ситуација во која влезе некогашниот првак на Македонија условува оние најдобрите да си побараат други играчки ангажмани во текот на ова лето.
Претхосно гевгелишани потпишаа договрни обврси и со Миладин Пековиќ, кој заедно со Иван Мишковиќ и Александар Радуловиќ ќе го сочинуваат странското трио на Кожув во оној прв дел од сезоната, во кој потврдено е дека ќе бидат и Апостолов, Нацевски, Митков и Шутаров.

Најново во Кошарка