ЗАТВОРЕНО 5. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА

ИГРА НА „МАЛИ БРОЈКИ" ВО ГЕВГЕЛИЈА: Кожув малку подобар од Куманово

Од лош - поентерски полош беше мечот во Гевгелија во кој на крајот многу повеќе причини за радост имаше победникот - Кожув кој славеше со (56:50)

објавено: 4 ноември 2018 - 19:22

Од лош - поентерски полош беше мечот во Гевгелија во кој на крајот многу повеќе причини за радост имаше победникот - Кожув.

Гевгеличани имаа помалку послаби поединци од Куманово,одиграа нешто подобро кога требаше, на крајот на 40.минута катастрофално лоша, во нападот пред се,  сепак беа тие кои се наградени со триумф, за нив трет во сезоната...

Кожув – Куманово 56-50 (14-14; 14-13; 16-13; 12-10)

Кумановци беа тимот кој дојде до позитива од пет поени. По оние нерешени (14:14) во првата четвртина, поведоа со (19:14). Но следуваше серија од (8-0) на гевгеличани, и промена на водството на (22:18) во корист на домашната екипа.
Во онаа гостинската се повеќе почна да се забележува отсуството на класичен организатори на играта. Играа „сино белите" без Думиќ. Па тренерот Александар Петровиќ мораше да импровизира со другите „ниски играчи".
Нервозно и неефикасно пред се беше тоа полувреме. Скромно со помалку од 60.поени на двете страни од теренот. Поточно 55, за минимално водство на Кожув, (28:27).
Четворица играчи во домашниот тим имаа по четири поени, Караколев -7, на другата страна Петровски беше прв стрелец со девет поени, Ѓекиќ пак еден помалку.
Скромно – со еден збор, на двете страни.
Мислена именка беше шутот за три поени за гевгеличани. Не знаеја да погодат од далечина кошаркарите на Кожув. Во три четвртини имаа неверојатни, лоши (0/10). Но и покрај тој слаб елемент во играта водеа, навистина не повеќе од шест поени, како на пример во 28. минута (40:34), потоа и (42:36).
Не дека Куманово беше подобар, само (2/15) во шутот за три поени. Но држеше играчки и резултатски приклучок тимот на Петровиќ.
По три периоди игра беше (44:40) за Кожув, кој остана без еден до најдобрите, Никола Караколев кој доби силен удар во носот.
Како „ефикасно" се играше во Гевгелија доволно говори и податокот дека крилот на Куманово, Ѓекиќ беше и единствениот кошаркар кој ја надмина бројката од десет реализирани поени – имаше 13.
Кожув дојде и до највисоки (49:40) во првите три минути од последната четвртина. А Пековиќ и Мишковиќ станаа двоцифрени во домашната екипа.
А требаше да минат 36.минути и да се обидат 14 пати за гевгеличани да дојдат до првата тројка. Ја даде капитенот Апостолов за високи (54:46) на нецели четири минути пред крајот.
Имаа кумановци неколку шанси при резултат (54:50), но не ги искористија, затоа и загубија.

 

Најново во Кошарка