ТРЕНЕРОТ НА РАБОТНИЧКИ ВЕЛИ ДЕКА Е ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДАТА

Докузовски: Притисокот беше врз МЗТ, бевме порекласирани и одлични во нападот!

Кошаркарите на Работнички ја забележаа и петтата победа оваа сезона во првенството, откако во дербито во СЦ „Јане Сандански" триумфираше над лутиот градски ривал со 88:90.

објавено: 12 ноември 2018 - 22:39

Тренерот Докузовски вели дека неговите играчи заслужено се радуваат на новите бодови, иако имал проблеми изминатиот период со кроењето на составот.

Го истакна и еден од најзаслужните за победата на тимот од „Градски парк", Марјан Јанески кој забележа 30 поени и беше непогрешлив во шутот од далечина за три поени, вкупно шест тројки.

„Победа во дербито, мислам дека притисокот беше на нивна страна, ние игравме многу порелаксирано. Малку им ја изменивме одбраната, иако реализираа многу поени, од психичка гледна точка мислам дека не се снајдоа баш најдобро“.

Стратегот на Работнички вели дека играле одлично во нападот, иако проблем била ротацијата, немаа доста играчи на тренинзите овие денови, тренирајќи со само осум играчи, на пр. Чековски имал повредата на тетивата, таман закрепна, но повторно не бил во состојба, па не сакале да ризикувааат со Станко.

„Ама мислам дека ако гледаме целосно, на крајот заслужено победивме. Фактор беше Јаневски, не можам да кажам дека случајно ги погодил тројките (6/6), но имавме некои други чисти позиции кои не ги реализиравме, едноставно игравме многу добро во нападот, да постигнеш 90 коша против МЗТ не е така едноставно. За дербито оваа победа значи нешто, ама во првенството не значи ништо. Само кога играат МЗТ и Работнички можат да направат ваква атмосфера", изјави тренерот на Работнички, Марин Докузовски.

Најново во Кошарка