ДАЛИ Е МОЖНО И ТАКВА РАБОТА

На сред сезона, Блокотехна влегува во БИБЛ?

Гевгелискиот прволигаш би можел да се приклучи на балканската БИБЛ лига уште низ актуелната натпреварувачка сезона.

објавено: 9 ноември 2018 - 12:16

И покрај тоа што БИБЛ лигата веќе стартуваше, со две одиграни кола оваа сезона, сепак постои сериозен интерес од двете страни за вклучување на Блокотехна во регионалното натпреварување.

„Играњето во БИБЛ би било од корист и за лигата и за нас како клуб. Пред нас е пауза поради настапот на репрезентацијата, а набрзо потоа и зимскиот прекин во кој повеќе од еден месец ќе бидеме без натпревар. Токму во овој период би имале и тоа како голема корист од дуелите во балканското натпреварување. Разговорите со челниците на БИБЛ се во тек, па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа"- велат од Блокотехна.

Веќе се остварени првите разговори меѓу раководството на тимот од Негорски бањи и раководството на БИБЛ, а најавено е дека дефинитивната одлука ќе биде донесена во текот на следната недела.
Според последните информации, во наредните денови, на заеднички состанок меѓу двете страни треба да се прецизираат деталите околу промените на натпреварувачкиот формат како би се отворила можноста за вклучување на гевгеличани во лигата.
Македонија сезонава е со еден претставник во БИБЛ лигата, вториот прволигаш од Гевгелија, екипата на Кожув.

Најново во Кошарка