ПОВТОРНО СЕ УКИНУВА ФАЈНАЛ-ФОРОТ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

Ќе се игра плеј-оф во БИБЛ, но со кого?

* Финалето ќе се игра по системот „подобар во три натпревари“...

објавено: 21 јуни 2018 - 21:00

Балканската лига ги информираше заинтересираните клубови дека за следната сезона ќе има сериозни измени во системот за натпреварување во ова регионално натпреварување, во кое редовни учесници во сите досегашни 10 сезони, беа и македонски тимови.

Главната измена е дека нема да има фајнал-фор како сезонава, туку се враќа плејоф системот, без четвртфинални мечеви. Клубовите и националните федерации од регионот, на почетокот на јуни веќе ги добиле финансиските и другите услови за учество во претстојната сезона.

БИБЛ во сезоната 2018/2019 ќе има осум тима, и регуларната сезона ќе се игра по лига систем, секој против секого, по еднаш дома и на гости. Ова значи дека секој тим ќе одигра по 14 меча.
Најдобрите четири тима од регуларната сезона, ќе играат полуфинале на елиминации (првиот против четвртиот и вториот против третиот) во два меча, со тоа што реваншот е на теренот на подобропласираниот.

Најново во Кошарка