„МЕТАЛЦИТЕ" ИМ СЕ ВРАЌААТ НА ОБВРСКИТЕ ВО АБА 2 КОНКУРЕНЦИЈА

Сутјеска мора да се помине!

Вечерва, од 19.часот, во СЦ „Јане Сандански" каде гостува екипата на Сутјеска од Никшиќ. Екипа која во досегашниот дел забележа скор од четири победи и пет порази, кој ги става во долниот дел од табелата во АБА 2 лигата.

објавено: 6 декември 2018 - 15:30

Репрезентативната пауза беше добредојдена за кошаркарите на МЗТ Скопје, За уште повеќе да ги збијат своите редови, макар што во изминатата седмица не можеа да сметаат на услугите на репрезентативците, како и повредениот Љубомир Младеновски.

А во отсуство на цела една репрезентативна петорка, низ тренинзите, првиот тренер Ѓорѓи Кочов имаше прилика да ги провери и оние вистински можности на играчите кои конкурираат за минути во АБА 2 сегментот од оваа сезона.
За МЗТ Скопје продолжува вечерва, од 19.часот, во СЦ „"Јане Сандански" каде гостува екипата на Сутјеска од Никшиќ. Екипа која во досегашниот дел забележа скор од четири победи и пет порази, кој ги става во долниот дел од табелата во АБА 2 лигата.

Момент кој никако не смее да го залаже нашиот тим. Особено ако се земе в предвид дека гостите од Црна Гора располагаат со доста искусен тим во кој се и двајца некогашни „металци", како Никола Павличевиќ и Радослав Спасојевиќ.

„Никако не смее да нè залаже моменталниот изглед на табелата во АБА 2 лигата. Со една-две победи се менува се, се прави разлика. И тоа не е одраз на квалитетот кој екипата на Сутјеска го поседува"- вели Марко Симоновски, кој пред некоја вечер се врати во националниот тим.

„Мораме да бидеме крајно внимателни, од проста причина што гостите од Никшиќ располагаат со доста искусна екипа во која секој си го знае своето место во тимот. Но како и да е, Сутјеска мораме да ја поминеме и да останеме во трката за самиот врв на табелата".

Лоша вест за тренерот Кочов е што нема да го има на располагање Љубомир Младеновски, кој ќе паузира околу еден месец поради скршеницата на раката, поради која не беше во комбинација и за играње на нашиот национален тим во оној дуел ос селекцијата на Косово. 

Оттука неговиот дел од минутите ќе ги поделат останатите во тимот од Аеродром, кој овој дуел го дочекува како третопласиран во регионалната конкуренција, со ефект од шест победи и три порази.

Од комбинација за вечерашниот дуел отпаѓа и Дарко Соколов, кој има проблеми со коленото, то е проблем плус за Кочов во подготовката за овој натпревар.

 

Најново во Кошарка