Без Американeцoт ќе ја бркаат прва гостинска победа во АБА2

МЗТ Скопје ќе прави победнички скок во Мостар без Вудард

Еден од најдобрите играчи на „металците" во досегашниот дел од регионалната сезона има проблеми со скочниот зглоб поради кој ќе мора да одмори неколку дена...

објавено: 24 октомври 2018 - 14:30

Македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје вечерва ќе му гостува на босанскиот тим Зрињски (19. часот) во меч од петтото коло од АБА2-лигата со желба за прв гостински триумф.

Работа која што ќе биде потешко да се оствари по информацијата за повредата на Американецот Џејмс Вудард, кој принудно ќе го пропушти натпреварот во Мостар.
Можеби најдобриот поединец на „металците" во досегашниот дел од регионалната сезона има проблеми со скочниот зглоб, добиена во саботната победа против Вардар, поради кој ќе мора да одмори неколку дена. Неговото отсуство и тоа како ќе биде значајно во составот на тренерот Ѓорѓи Кочов, кој, сепак, најавува максимална борбеност во пресметката со босанскиот првак.

„Играме против шампионот на БиХ, кој иако има скор 0-4, сепак, е силна екипа со голем број искусни кошаркари во ростерот. Зрињски ги има Бакиќ, Рамњак, Шутало, Тодоровиќ., Соколовиќ, играчи кои зад себе имаат многу вакви мечеви и кои можат да бидат опасни буквално за секој противник. Ние, пак, ќе бидеме ослабени со неиграњето на Американецот Вудард, кој мора да паузира неколку дена. Очекувам ова да биде тежок меч со голема борба и незвеснот. Ќе решаваат ситници. Се надевам дека ќе ги искористиме сите слабости на противникот, како во одбрана така и во нападот и дека ќе дојдеме до победа, која за нас ќе биде од исклучително големо значење. Очекувам од сите мои кошаркари да бидат на ниво на задачата и да преземат што поголема одговорност, особено во одбраната, која мислам дека ќе го реши победникот на овој дуел"- вели стратегот на тимот од Аеродром.

  

АБА 2 – ЛИГА

ДВОЈКИ 5. КОЛО
ДЕНЕСКА:
18.00: Вршац – Сутјеска
19.00: Зрињски – МЗТ Скопје
19.00: Сплит – Спарс
19.00:Динамик – Рогашка
20.00: Приморска – Хелиос
УТРЕ:
17.00: Ловќен – Борац

Најново во Кошарка