РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГО „ПРЕЛЕЖА" ВИРУСОТ

Младеновски е ОК, ќе биде подготвен за борба со Борац

„Вирусот ме тргна три дена од тренажниот процес. Но тој краток, но лош период го оставам зад себе. Се подготвувам максимално за наредниот предизвик, оној во среда навечер против еден од фаворитите во АБА 2 лигата"- порачува центарот на МЗТ Скопје.

објавено: 2 октомври 2018 - 16:00

Љубомир Младеновски се врати во МЗТ Скопје. Но ја имаше таа „среќа", поради болест, да не го има својот прв официјален меч во премиерата на АБА 2 лигата. Односно мораше да го прескокне оној меч против екипата на Хелиос од Домжале.

За среќа, Младеновски го „прележа" вирусот кој го совлад токму на денот на одигрување на овој меч ов СЦ „Јане Сандански". И по три дена пауза им се врати на редовните активности на „металците".

„Навистина не знам, но ете, и тоа се случува. Непосредно пред натпреварот со Хелиос ме фати тој вирус, и не ми даде никаква шанса да заиграм. Но, за среќа, отсуството траеше само три дена, моите соиграчи без моја помош ја завршија работата, победивме, па одиме понатаму. Веќе од денеска, се е доста подобро. Без никакви проблеми го одработив тренингот, со максимална сила, што значи дека ќе бидам подготвен за она што следува. Односно дуелот со Борац од Чачак во среда навечер на наш терен" - појаснува репрезентативниот центар за проблемите со кои се соочи во текот на минатата недела.

И Младеновски е помалку изненаден што нивниот нареден противник во АБА 2 конкуренцијата резултатски неуспешно ја отвори сезоната. Во Чачак беше поразен од сараевски Спарс.

„Во некоја рака да, но тоа не треба да нè залаже. Станува збор за една доста искусна екипа, во која има доста квалитетни играчи, некогашни и сегашни репрезентативци на Србија, макар и од оној поширок список. Не играв против Хелиос, но се надевам дека ќе играм против Борац, да помогнам колку то можам во напорите напито добар старт да го валоризираме со уште еден триумф, против една од екипите која важи за фаворит во оваа конкуренција"- посакува Младеновски пред средбата закажана за среда навечер од 19.часот.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка