МЗТ СКОПЈЕ ГО ПРЕСКОКНА И БОРАЦ ОД ЧАЧАК - ЛИДЕР ВО АБА 2

„Металците" одиграа „моравац", ама на аеродромски начин!

МЗТ Скопје победи и по втор пат во втората АБА лига. По Хелиос, во рок од седум дена „падна" и Борац од Чачак (82:57). Ланскиот учесник на плеј-офот практично беше декласиран во овие втори 40.минути од едно ново натпреварување во кое за прв пат учествува МЗТ Скопје.

објавено: 3 октомври 2018 - 20:45

МЗТ Скопје победи и по втор пат во втората АБА лига. По Хелиос, во рок од седум дена „падна" и Борац од Чачак.
Ланскиот учесник на плеј-офот практично беше декласиран во овие вторите 40.минути од едно ново натпреварување во кое за прв пат учествува МЗТ Скопје.

Од првата до последната минута „аеродромци" го мелеа својот противник. Одиграа вистински "моравац" што е карактеристика за екипата која доаѓа од Чачак, и беше навистина „добар гостин“ во „Јане Сандански".
Поедноставно кажано, во овој момент МЗТ Скопје е многу понапред во однос на Борац, го потврди тоа таму каде што треба, на теренот...
МЗТ СКОПЈЕ – БОРАЦ 82:57 (18-10; 22-16; 22-16;20-15)
Ако на првиот меч, оној против Хелиос, некако во „преден план" беше Вудард, на овој против Борац, барем во првата четвртина, „царуваше" неговиот американски сонародник, Медфорд. Во „втората половина" од првиот период, американскиот бек нанижа осум поени, довопно „сино-белите" да дојдат до високи (18:10) како што беше на истекот на првата четвртина.

Тројката на Стојановски на почетокот на втората, му даде на домаќинот и плус 11 (21:10). Откако гостите од Чачак, некако набрзина решија две ситуации за (21:15). Но на половина од втората четвртина, по тројката на Соколов, МЗТ Скопје изгради и највисоки (29:17).
Она по што дојдоа чачани во Скопје, да го поправат шутот од далечина, не го остварија – напротив. Шутираа мизерно, особено за три поени (1/10) што исто така имаше „влијание" во двоцифрената предност за МЗТ Скопје.
Повреда, за среќа ситна, на Иванов
За момент навивачите на тимот од Аеродром ги загрижи болниот израз на лицето на Иванов, кој во 17.минута мораше да ја напушти играта.

Но Магдевски положи за најубедливо (36:21), па тренерот на гостинската екипа Јовица Арсиќ, мораше да го потроши и вториот тајм-аут во полувремето во кое неговите кошаркари делуваа – очајно!

Седум поентери во МЗТ, мизерни 2/12 за Борац за три
Место Иванов, Бојиќ продолжи да го полни кошот на Борац. Го дополни Стојановски, кој во последниот напад постави (40:26) на семафорот.

Високи, убедливи, сосема добра залиха пред почетокот на второто полувреме, макар што во тие 20.минути „металците" направија девет „технички грешки", кои за среќа, не беа искористени од страна на очајно лошиот составо од Чачак, кој заврши со (2/12 од линијата за три поени), и имаше идентичен број на загубени топки како нашиот.

Одморот не промени ништо...
Ниту по оние 15 минути предвидени за пауза, не донесоа многу промени во играта, зборуваме за двете страни на теренот. МЗТ Скопје беше упорен, цврст, разигран... Борац го немаше никаде... Поединечни обиди имаа чачани, стигнуваа до некој едноцифрен минус. Но од авион" се гледаше дека не се кадарни да направат целосен пресврт.

Секако, голема заслуга за тоа имаа домашните кошаркари, кои практично во секој момент имаа договор, повеќе кој знае да ја одржува, но и да ја покачи предноста, која по три четвртини беше многу, многу висока. Плус 20, или (62:42).

Минути за најмалку искусните
Оттука и оној последен период од играта се претвори во нешто што обично се нарекува рутинерско одработување на работите.

Позитива од дваесетина поени пак е добра прилика за тренерите да испробаат и некои играчи кои не добиваат често такви можности.
А Ѓорѓи Кочов го искористи тоа „право", со покачена минутажа за Младеновски, кој го прескокна првиот меч, а потоа и Маслинко. Мамузиќ и Тодоровски.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка