11. КОЛО ОД АБА 2 ЛИГАТА, МЗТ ГОСТУВА ВО САРАЕВО

МЕДФОРД: Спарс е екипа која треба да се сфати особено сериозно!

Дуелот на второпласираните, и екипите кои имаат идентичен ефект во десет одиграни кола (7-3), стартува од 17 часот.

објавено: 13 декември 2018 - 14:55

Тренерот Ѓорѓи Кочов го апострофираше оној физички талент, но и големиот број на искусни играчи кој го поседува Спарс. Дека сарајлиите имаат доста агресивна одбрана, одлично трчаат во транзиција.
Но и оној ,се чини најголемиот, недостиг на дури три репрезентативни играчи како што се Соколов, Симоновски и Младеновски.
Па уште потешка ќе биде и задачата на Лестер Медфорд, пред се да на „намести" играта на „сино-белите" на ова нималку лесно гостување во Сараево, закажано за 17 часот.

„Со игрите во досегашниот дел од лигата, Спарс покажа дека е противник кој мора да биде сфатен сериозно, и е противник кој располага со одличен квалитет За што доволен показател е и изгледот на табелата. На нас е да дадеме се од себе, да бидеме агресивни, и да пробаме да го изненадиме домаќинот, без оглед на штоа што овој натпревар ќе го одиграме ослабени" – смета организаторот на играта на „металците".

Најново во Кошарка