МЗТ СКОПЈЕ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДНИЧКАТА ПАТЕКА

Лесно преку Ловќен

МЗТ Скопје брзо направи „брејк" по првата загуба на домашен терен во оваа сезона од АБА 2 лигата.Киксот против Приморска го поправија со победа на секогаш незгодниот за играње, терен во Цетиње, (85:67).

објавено: 9 јануари 2019 - 19:47

MЗТ Скопје брзо направи „брејк" по првата загуба на домашне терeн во оваа сезона од АБА 2 лигата.Киксот против Приморска го поправија со победа на секогаш незгодниот за играње, терен во Цетиње.

Аеродромци беа подобар ривал од Ловќен од првата до последната минута. И на дебито на Предраг Самарџиски, славеа и повеќе од убедливо.
Ловќен - МЗТ Скопје 67:85 (16-22; 19-16; 13-24; 19-23)
МЗТ Скопје го доби првото полувреме од гостувањето на Цетиње. Можеби заслужи и повеќе од оние (38:35), кошаркарите од Скопје, пред се поради тоа што во текот на втората четвртина изградија предност и од десет поени, (34:24) како што беше во 15.минута од играта. Но во онаа „втора половина" од вториот дел, сосема неразбирливо избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов „закочија".
До истекот на полувремето реализираа по еден поен во минута, односно само четири.
Добар знак во тој прв дел од играта е што дури осуммина кошаркари на МЗТ Скопје (сите кои влегоа во игра) го пронајдоа патот до противничкиот кош.

Што најновото засилување, повратникот кај „сино-белите", Предраг Самарџиски го одигра првите седум-осум минути, макар што имаше проблеми со реализацијата на слободните фрлања (1/4) во тој прв дел.
Третата четвртина беше и најдобрата за гостинската екипа. МЗТ Скопје заигра уште подобро во одбраната, пред се. Му дозволи на домаќинот да реализира само осум поени за скоро исто толку минути. И да го искористи моментот за нова двоцифрена, и најголема позитива (58:43), запишана на семафорот во 28.минута.

Период во кој Бојиќ веќе броеше до 14, а капитенот Стојановски до 10.поени.
Не помогна ниту тајм-аутот на Миодраг Кадија, затоа што серијата на МЗТ Скопје продолжи за уште повисоко водство (60:43). А таа четвртина да заврши со солидно водство на „металците" (62:48).
Високата позитива донесе уште поголема сигурност во играта на гостите. имаа плус 16 (71:55).
Но крајот беше далеку.

Ловќен врза шест поени за -10, (61:71). Но тоа беше „за кратко" затоа што МЗТ Скопје, преку Вудард, третиот двоцифрен играч, ги врати работите во нормала, со свои пет поени за (76:61), потоа и (78:63). што е поважно одлично го „трошеа" времето за игра, а останаа четири и пол минути.

Минути во кои Црногорците не можеа да направат ништо повеќе освен да го признаат поразот од подобриот противник кој ги победи и во Скопје, дури и полесно во однос на тој дуел во СЦ „Јане Сандански“. 

 

Најново во Кошарка