МЗТ Скопје продолжи со одличните игри на домашен терен, ја совлада Сутјеска со 94-73 и по десетото коло е на второто место на табелата во второлигашката АБА-конкуренција. Тренерот Ѓорѓи Кочов не го криеше своето задоволство по остварениот седми триумф.
„Одигравме квалитетен меч и во напад и во одбрана. Ја контролиравме средбата 40 минути, за што им честитам на играчите, максимално се бодреа и се поддржуваа. Играта е доказ дека добро сме се подготвиле за овој меч. Победникот го реши нашата одбрана, „пик-ен-ролот" на противникот доста добро го браневме, а имавме и доста стабилен напад, со високо ниво на концентрација", изјави Кочов.
МЗТ Скопје во наредното коло му гостува на босански Спарс Сараево.