ЈОВИЦА АРСИЌ ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ ДУЕЛ СО МЗТ СКОПЈЕ

Да бидеме она што сме, подобри од она на премиерата

Борац допатува од Чачак за Скопје со желба да се „вади" за поразот на премиерата во АБА 2 лигата, на домашен терен од сараевски Спарс.

објавено: 3 октомври 2018 - 13:00

Борац допатува од Чачак за Скопје со желба да се „вади" за поразот на премиерата во АБА 2 лигата, на домашен терен од сараевски Спарс.

Со желба за подобра игра од тие први 40.минути дојде и некогашниот македонски селектор, Јовица Арсиќ сега предводник на одличниот состав на Борац.

Тимот од Чачак веќе направи едeн кикс, во првиот меч од новата сезона загуби од Спарс, и тоа пред својата верна публика во салата „крај Морава".

„Очекувам во дуелот со МЗТ Скопје да одиграме многу подбро отколку пред недела дена во Чача. Помалку-повеќе, поразот, сам по себе не е толкав проблем, туку начинот на кој игравме против Спарс. Не бевме онакви какви што знаеме да бидеме. Лошо скокавме, шутот не ни одеше, што инаку не е карактеристично за Борац. Се надевам дека на дуелот во Скопје ќе шутираме многу подбро за три поени".

Арсиќ очекува ефикасен меч во СЦ „Јане Сандански".

„Поради стилот на игра кој го негува МЗТ Скопје, верувам дека натпреварот ќе биде со голем број на поени. Очекувам брза игра, и останува надежта дека ќе одиграме далеку подобро отколку што то беше случајот во првото коло".

Најново во Кошарка