Извршниот директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров:

Целта ни беше да направиме млада екипа, и не бараме алиби дека сме млади

Раководните луѓе на клубот од Аеродром сметаа(т) дека треба да се направи оној неопходен спој на искуство и на младост, со кој МЗТ Скопје треба да биде препознатлив и во премиерното издание односно учество во АБА-2 лигата.

објавено: 27 септември 2018 - 15:45

Сериозни промени направи МЗТ Скопје во летниот преоден рок, особено во оној играчки сегмент.

Раководните луѓе на клубот од Аеродром сметаа(т) дека треба да се направи оној неопходен спој на искуство и на младост, со кој МЗТ Скопје треба да биде препознатлив и во премиерното издание односно учество во АБА-2 лигата.

Рамислувањата ги споделува и извршниот директор на МЗТ Скопје, Тони Грнчаров.

„Денеска во АБА 2 лигата отвораме со Хелиос. Еден солиден ривал, останува сега на стручниот штаб да ги подготви играчите за овој меч. Имаме спој на младост искуство, целта ни беше да направиме млада екипа, која ќе игра пред се агресивно, да не правиме некои грешки, да се знае како ќе играме. Дамјан Стојановски, потоа Иванов, Симоновски, Соколов се искусните кои треба да ја водат екипата. Од друга страна пак младите Стојановски, Мамузиќ, Митев, тие треба да бидат иднината на МЗТ, да вложуваме во нив, да се создаде база за понатаму. Тука ќе ги додадам уште Магдевски, Младеновски, Бојиќ, Медфорд.
Да ја постигнеме целта заедно тренерот Кочов, да се применува брза, агресивна игра, фајтерски. Се надеваме на една успешна сезона, не бараме алиби дека сме млади, целта е да имаме успешен настап во АБА 2, не чувствуваме притисок, ги имаме сите предуслови да се покажеме во добро светло"- порачува Грнчаров пред стартот на новата сезона, кој со себе вечерва од 19.часот, во СЦ „Јане Сандански" го носи дуелот со Хелиос од Домжале.

Најново во Кошарка