МЗТ СКОПЈЕ ВО ОБИД ДА ГО ВАЛОРИЗИРА СТАРТНИОТ УСПЕХ ВО АБА-2

Борба и само борба против "ранетиот лав"од Чачак!

Вечерва од 19.часот, во СЦ „Јане Сандански" во Скопје гостува еден од условно кажано, фаворитите за место во првата „четворка" која и ќе одлучува која од овие 12 екипи пријавени за оваа сезона во втората АБА конкуренција ќе се избори за место во онаа првата.

објавено: 3 октомври 2018 - 15:05

Хелиос помина, а ред доаѓа Борац. Редот на возење во АБА 2 лигата е во корист на нашиот единствен претставник, кој втора недела по ред ќе игра на домашен терен.

Вечерва од 19.часот, во СЦ „Јане Сандански" во Скопје гостува еден од условно кажано, фаворитите за место во првата „четворка" која и ќе одлучува која од овие 12 екипи пријавени за оваа сезона во втората АБА конкуренција ќе се избори за место во онаа првата.
А тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов е добро запознат со она што како екипа го„нуди" Борац од Чачак.
Дека станува збор за квалитетен и искусен состав, кој киксираше во првото коло, па сега ќе бара начин каако сето тоа да го „поправи" во Скопје.

„Нѐ очекува пресметка со исклучително квалитетен и пред сѐ искусен противник. Поразот на Борац Чачак на стартот од АБА2-лигата не значи ништо и воопшто нема да нѐ залаже бидејќи знаеме дека тие во Скопје доаѓаат по победа. Очекувам дека ривалот ќе игра поконцентрирано и помотивирано за да се извади по стартниот кикс, што воедно ја прави нашата задача уште потешка. Знаеме дека доста трчаат во транзиција и дека имаат голем број квалитетни играчи кои знаат да играат 'два на два'. Клучно ќе биде да одиграме добро под кошевите, пристапот да ни биде како што посакуваме и секако да бидеме агресивни во одбраната. Ако го сториме сето ова, убеден сум дека ќе победиме на крајот"- смета предводникот на „металците" од клупата Ѓорѓи Кочов.

Џејмс Вудард беше најдобриот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром на првиот меч и еден од творците на победата против Хелиос. Впрочем, за тоа беше и индивидуално награден – беше избран за најкорисен играч во првата рунда од АБА 2 конкуренцијата.

„Победата над Хелиос не смее да нѐ успие, туку треба да ни биде мотив повеќе да продолжиме во ист ритам и да славиме во пресметката со Борац Чачак. Против себе имаме незгоден противник, кој е дополнително опасен бидејќи е 'ранет' по поразот во првото коло на домашен терен. Но, со идентичен пристап како пред една недела, со фајтерска игра и со цврста одбрана ќе бидеме многу блиску до посакуваната цел, а тоа е втор триумф во низа во новата сезона".

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка