НОВА ШАНСА ЗА МЗТ СКОПЈЕ ДА ГО ПРЕКИНЕ „ПОСТОТ"

Без Иванов во напад на Вршац и првата гостинска победа

Крајно време е МЗТ Скопје да дојде и до првата победа на терен кој важи за гостински. Односно оној максимален домашен ефект да биде надграден и награден со успех надвор од Скопје.

објавено: 7 ноември 2018 - 15:15

Крајно време е МЗТ Скопје да дојде и до првата победа на терен кој важи за гостински. Односно оној максимален домашен ефект да биде надграден и награден со успех надвор од Скопје.

Новата шанса за МЗТ Скопје е вечерва, од 18.часот, во вршачки „Милениум" каде ги чека дуелот со домаќинот – Вршац.
Екипа, која како што предупредува шефот на струката Ѓорѓи Кочов, во никој случај не смее да се потцени, без оглед на лошиот пласман во првите шест круга од АБА 2 конкуренцијата.

Проблем плус пак е отсуството на еден од стандардните играчи – Иве Иванов, кој не ја санираше повредата на скочниот зглоб.

„Пред нас е исклучително тежок натпревар. Вршац е одличен тим составен од квалитетни кошаркари, кои во ниту еден момент не смеат да бидат потценети. Згора на тоа, проблем за нас ќе биде отсуството на Иве Иванов, кој го повреди скочниот зглоб на домашниот дуел против Сплит. Во мечот ќе мора да влеземе максимално решително и пред сѐ храбро. Ако го сториме тоа, тогаш би можеле да дојдеме до посакуваната цел."

Најново во Кошарка