ЛЕ: МОЖНИТЕ РИВАЛИ ВО 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Ждрепката му се насмевна на Вардар

Денеска во Нион беа извлечени двојките и за второто квалификациско коло во Лига Европа.

објавено: 20 јуни 2018 - 15:06

Сите три македонски екипи ги дознаа своите евентуални противници во следната фаза, но секако претходно треба да ја завршат задачата во стартната рунда.

Шкупи кој доколку направи големо изненадување и го елиминира европскиот гигант Глазгов Ренџерс, во следното коло ќе има многу „полесен“ ривал и ќе се соочи со победникот од Петрокуб (Молдавија) и Осиек (Хрватска).

Потоа, Вардар кој исто така имаше добра ждрепка ако го помине ерменскиот тим на Пјуник, ќе го добие победникот од Самтредиа (Грузија) и Тобол Костанај (Казахстан).

И на крајот Работнички доколку слави во дуелите со унгарскиот Хонвед, ќе игра со Прогрес Нидеркорн (Луксембург) или Габала (Азербејџан).

Првите натпревари од второто квалификациско коло на ЛЕ ќе се одиграат на 26. јули, а реванш средбите на 2. август.

Најново во Фудбал