ПОСЛЕДНИ ТРЕНИНЗИ ПРЕД ЛШ

ВЕЛШАНИТЕ ПРЕДУПРЕДЕНИ: Шкендија вежба слободни удари! (Видео)

Македонскиот фудбалски шампион се спрема за првиот натпревар од стартното квалификациско коло во Лигата на шампионите во вторник од 20:15 часот против Њу Сејнтс.

објавено: 9 јули 2018 - 16:23

Шкендија е подготвена за ново европско лето, останува да се види дали ќе биде долго како ланското кога стигна до плеј-офот на Лига Европа.

Тетовскиот клуб на хартија можеби ја има фаворитската улога, но тоа треба да се види на теренот, а многу ќе кажат првите 90. минути во Скопје на Националната Арена „Филип Втори" пред реваншот во Велс.

Во меѓувреме, „црвено-црните" кои секако ќе атакуваат на победа и предност пред возвратниот дуел вежбаат слободни удари, па можеби преку нив ќе бидеме сведоци на првите голови и евентуалниот прв европски триумф годинава.

Најново во Фудбал