„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ЛЕТААТ ЗА ТУРЦИЈА

Вардарци денеска во Аланија, в сабота прв тест со Иртиш (ФОТО)

Како што и беше најавено денеска Вардар заминува на зимски подготовки во турскиот град Аланија каде што играчите ќе бидат сместени во хотелот „Нума Беј" и ќе останат до 4. февруари.

објавено: 16 јануари 2019 - 09:45

Утринава вардаровите фудбалери и стручниот штаб заминаа на подготовки во Турција. Вардарци попладнево ќе отседнат во Аланија и хотелот „Сентидо Нума Беј" ќе биде „базата" на Вардар во Турција.

Вардаровата експедиција останува во Аланија до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје. Таму ќе бидат одиграни седум контролни натпревари, од кои четири се веќе закажани.

На 19 јануари, првиот „тест" за Вардар ќе биде тимот на Иртиш Павлодар, а три дена подоцна тимот ќе ги одмери силите со Сумгавит од Азербејџан. На 28 јануари ќе се игра против Александрија од Украина, а на 2. февруари следува дуел со Черно Море. Ќе бидат одиграни натпревари и на 26-ти и 28-ми јануари и на 3. февруари, а противниците дополнително ќе бидат објавени.

Претходно објавивме дека стратегот Васоски во Турција ќе смета и на 12 младинци. Повеќе можете да прочитате ТУКА

Најново во Фудбал