ДАЛИ НАБРГУ ЌЕ СЕ ПОПРАВАТ РАБОТИТЕ ВО НАЈТРОФЕЈНИОТ КЛУБ?

Вардарци бараат средба со Самсоненко!

Проблемите во Вардар ќе се решаваат на маса. Со оглед на тоа дека немаат никаква доверба во тандемот Симев - Спасески, со оглед на тоа дека доста им од лажните ветувања дека ќе добијат плата на 1-ви, па на 10-ти или 15-ти во месецот, играчите ќе седнат на маса со Сергеј Самсоненко за да видат што понатаму.

објавено: 15 ноември 2018 - 10:06

Со оглед на тоа дека фудбалерите на Вардар немаат никаква доверба во тандемот Самоил Симев - Мирко Спасески, првиот е Извршен директор а вториот е претседател на клубот, тие бараат средба со Сергеј Самсоненко, газдата на ФК Вардар. Доста им е од лажни ветувања дека ќе добијат плата на 1-ви, потоа на 10-ти или 15-ти во месецот, тие сакаат од прва рака да бидат иформирани за тоа што ги очекува и во каква ситуација сега се наоѓа клубот.

Па така проблемите ќе се решаваат на маса, има заинтересираност од двете страни за такво нешто. Првичните контакти се остварени, се очекува многу бргу, да дојде и до средба меѓу играчите и Самсоненко и како што рековме проблемите да се решат како што доликува на најтрофејниот клуб во Македонија, на маса. Е сега што се ќе биде кажано на таа средба останува да се види.

Екипата почна да тоне...

А дека има причина за загриженост тука нема дилеми. Нема вардарец или фан на „црвено - црните" кој не се грижи за тоа што со клубот, и како понатаму. Победите и првото место на табелата во ПМФЛ до пред некои коло како малку да го затскрија се она што се случуваше во клубот. Но дојдоа на ред поразите, Вардар не е повеќе прв и тоа убедливо како што беше некогаш и тоа со седум бодови, екипата резултатски и играчки почна да тоне, и сега и останатите проблеми искочија на површина во уште поголем обем. Ретко кој знае во клубот до каде со оваа агонија, медиумите постојано прашуваат а тие во раководството на клубот дигаат раменици. Или така им одговара. Ако си Извршен директор, Претседател, или спортски или технички директор како Симев, Спасески, Панчев и Најдоски, веројатно некои работи треба да ги знаеш а не да ветуваш дека денеска, утре или следниот петок ќе има пари.

Панчев во клубот го нема од август!!!

Дарко Панчев, спортскиот директор на Вардар, најголемата легенда на клубот се чини дека воопшто, и по третпат, не ја оправдува својата работа во Вардар. Тотално разочарување е Панчев пред се за оние кои најмногу го сакаат клубот. Како што велат нашите информации тој во клупските простории не се појавил неколку месеци, последен пат е виден во август.

Се активираат разговорите со Град Скопје

Во последните неколку месеци нашироко се пишуваше дека Градот Скопје ќе го врати ФК Вардар под своја „команда" што се вели. Сепак градските власти поставија и неколку услови, кои се тешко остварливи барем засега. Од друга страна дознаваме дека во последните неколку денови преговорите на релација Вардар - Град Скопје добиле на интензитет.

Најново во Фудбал