НАЈАВИ ДЕКА СКЕНДЕРБЕГ ГО САКА ИГРАЧОТ НА ЕСЕНСКИОТ ПРВАК

Такај за Лена треба да се јави во Струга Трим Лум

„Нијази Лена е под договор со нас, и ако сака да го ангажира тогаш претседателот на Скендербег треба да се јави кај нашиот газда", вели Бесарт Исаку, спортскиот директор на стружани.

објавено: 5 декември 2018 - 17:00

Струга Трим Лум есенскиот дел во Втората лига - Запад ја заврши на првото место, секако дека амбициите се прволигашки. Кога сме кај Лена да кажеме дека тој во Струга ТЛ дојде во летниот преоден рок.

Во тек се разговори околу тоа кој ќе дојде и кој ќе се замине, но најново е тоа што Скендербег, тимот од Албанија е заинтересиран за Нијази Лена, еден од најдобрите играчи на Струга Трим Лум.

„Во медиумите во Албанија имаше изјави од претседателот на Скендербег Ардиан Такај, дека бил заинтересиран за Нијази Лена. Ние немаме ништо против некој клуб да посакува наши играчи, тоа нас ни годи секако, но за евентуален трансфер ќе треба Такај да се јави кај нашиот газда, кај првиот човек на нашиот клуб", вели Бесарт Исаку, спортскиот директор на Струга Трим Лум.

 

Најново во Фудбал