РАБОТНИЧКИ ИМА НОВ КАПИТЕНСКИ ТАНДЕМ

Стјепановиќ прв, Божиновски втор носител на лентата

Со одлука на тренерот Јовановски искусниот играч за врска ќе ги предводи со капитенската лента „романтичарите" во новата сезона, а во негово отсуство таа одговорност ќе ја има голманот.

објавено: 5 јули 2018 - 13:50

Овој двоец на чии раце ќе се наоѓа капитенската лента треба да ги замени Душко Трајчевски и Кире Марковски кои летово ги напуштија „романтичарите" .

Стјепановиќ е еден од ретките играчи кој во својата кариера ќе биде капитен на двата најтрофејни тима на домашната сцена од осамостојувањето Вардар и Работнички. Лидерската улога во сегашниот состав на Работнички, Стејепановиќ ја доби од тренерот Ѓоре Јовановски.

Првото излегување како лидер на „романтичарите" Стјепановиќ ќе го има на квалификацискиот дуел од Лига Европа со унгарскиот Хонвед кој ќе се игра на 11 јули во Скопје.

„Голема одговорност. Треба да се оправда пред играчите и тренерот Јовановски. Не очекува мечот на сезоната во кој Хонвед ја има фаворитската улога. Ние нема да го пречекаме овој двомеч со бело знаме. Напротив со максимална ангажираност ќе се обидеме да ја минеме првата пречка. Оваа мисија не е невозможна за нашиот тим“, вели Стјепановиќ.

Најново во Фудбал