ШКУПИ МОЖЕ ДА ДОБИЕ МНОГУ ЗВУЧЕН ПРОТИВНИК

Славниот Ренџерс може да дојде во Скопје и тоа кај чаирчани!

Клубот кој има 150-годишна традиција е еден од потенцијалните противници на Шкупи,во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа

објавено: 18 јуни 2018 - 20:34

Еден од најславните и најстарите клубови во Европа, шкотски Ренџерс може да гостува во Скопје и тоа на мегдан против Шкупи, во првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Така беше решено на денешното селектирање на потенцијалните противници за тимот од Чаир. 

Шкупи е во улога на неносител, а би било атрактивно ако се погоди Ренџерс да биде нивни противник. Се работи за тим кој има речиси едно и пол вековно постоење, а во клупската историја има дури 54 титули во шкотскиот првенство. Ренџерс е дел од едно од најголемите светски дерби дуели, тоа против Селтик. 

Освен Ренџерс, противици на Шкупи може да бидат и Домжале од Словенија, Габала од Азербејџан, Динамо Тбилиси од Грузија, како и Аполон од Кипар. 

Најново во Фудбал