го губи трпението

Седлоски со ултиматум до Рига

Потребни се неколку квалитени засилувања и тимот повторно ќе се врати во трка за титулата

објавено: 25 мај 2018 - 16:00

Македонскиот тренер Гоце Седлоски и предводник на тимот на Рига, упати ултиматум до челниците на летонскиот клуб. Седлоски посочи дека се потребни неколку квалитетни засилувања и тимот повторно да биде во трка за титулата.

Во разговор на Седлоски со челниците на клубот, заеднички било констатирано дека биле промашени засилувањата кои беа доведени на почетокот на годината, а не ги одбрал македонскиот стратег. Затоа е потребно „освежување“ на тимот, а Рига, која заостанува шест бода од лидерската позиција, повторно да може да биде во трка за трофејот. Рига во следниот период игра четири средби на домашен терен.

Според пишувањата на тамошните медиуми, ситуацијата во клубот не е на највисоко ниво, а тоа е поради фактот што играчите и стручниот штаб добиле само една плата во последните четири месеци. 

Најново во Фудбал