ЗА 70. РОДЕНДЕН НА ШИРОКИ БРИЈЕГ

Седлоски ремизираше со Динамо Загреб (ВИДЕО)

Клубот од Пецара со натпревар против Динамо Загреб го прослави 70. роденден. Мечот заврши нерешено со резултат 1:1.

објавено: 17 ноември 2018 - 15:59

Еден пријателски хуманитарен натпревар одигран пред 5.000 илјади гледачи на стадионот Пецара, Широки Бријег предводен од Гоце Седлоски одигра реми, македонскиот тренер против својот поранешен клуб.

Поранешниот играч на Широки Бријег, Лука Менало го доведе во водство гостинот уште во деветтата минута, а во 15. минута израмни Лука Бегоња.

До крајот на оваа средба тренерот Седлоски и Ненад Бјелица ги изротираа своите состави и им дадоа шанса на сите играчи да настапат.

Најново во Фудбал