У-16 на „контроли" во Романија

Во Букурешт по појасна „слика" за потенцијалот

Машката селекција на Македонија за играчи под 16 години деновиве е во Букурешт, каде треба да реализира два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија.

објавено: 22 октомври 2018 - 11:00

Машката селекција на Македонија за играчи под 16 години деновиве е во Букурешт, каде треба да реализира два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија.
За таа цел, селекторот на овој наш национален тим Звонко Златановски се одлучи да смета на следните фудбалери: Стефан Митрев, Лука Стојковски, Љавдрим Ибрахими, Самет Реџепи, Христијан Николовски, Андреј Стојчевски, Грегори Давков, Љупче Кудев, Христијан Георгиевски, Дарко Марковски, Ване Крстевски, Рамиз Беровиќ, Петар Давидовски, Емир Саитоски, Муртезан Незири, Елмедин Рамадани, Албан Таипи, Марио Геговски, Мартин Талаков, Октај Ракипи.
Покрај Златановски, во стручниот тим се уште и асистент тренерот Драган Начевски и тренерот на голманите, Гого Јовчев.
Според плановите, по краткиот одмор, и тренинг, нашата селекција утре попладне ќе ја има првата проверка во романската престолнина.

Најново во Фудбал