НАПАДОТ ТЕШКО ОСЛАБЕН

УДАР ЗА МЛАДИТЕ: Без Ристовски и Костадинов против Русија

Македонската репрезентација до 21 година во Русија отпатува без двајца стандардни фудбалери. 

објавено: 10 октомври 2018 - 09:21

Македонската фудбалска репрезентација утринава отпатува за Русија. Во експедицијата на „црвено-жолтите“ ги нема стандардните фудбалери, Милан Ристовски и Тихомир Костадинов. И двајцата репрезентативци поради повреди останаа во Скопје, Костадинов има проблем со скочниот зглоб, додека Ристовски го повредиадукторот.

Ова ќе биде голем проблем за селекторот, Добринко Илиевски, нападот ќе биде видливо ослабен.

Македонската репрезентација со Русија игра во петок, додека четири подоцна ќе ги одмери силите со Гибралтар во рамиките на квалификациите за ЕП 2019 година.

Најново во Фудбал