НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ЈЕЛГАВА, ЛЕТОНИЈА

У17: Втор пораз на надежите од Финска

Нашата У17 фудбалска репрезентација го заврши настапот на меѓународниот турнир во Летонија со една победа и два порази. На денешниот трет последен натпревар Македонија загуби од селекцијата на Финска со резултат 1:3..

објавено: 29 септември 2018 - 16:33

Водеа Финците со 2:0 после скоро половина час игра (13., 29.), зголемија во 48. минута после автогол, а со иста мера се возврати во 63. минута.

На претходните два дуели загубивме од Русија (0:1), а триумфиравме над Летонија (2:0). Избраниците на селекторот Вујовиќ се подготвуваат за настапот во квалификациите за пласман на Европското првенство наредниот месец. 

Потсетување, дека турнирот ќе се одржи во Скопје на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски", а ривали во групата 4 се Шпанија, Израел и Фарски Острови.

Пласман во елитната рунда на квалификации ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од секоја група, како и четири најдобро третопласирани.

Најново во Фудбал