ПРЕД НОВИОТ МЕЧ ВО УЕФАТА ЛИГАТА НА НАЦИИ СО ЛИХТЕНШТАЈН

„Панорама ресорт“ во Фојсисберг“, базата на македонските репрезентативци! (ФОТО)

Она што го најави „Спорт" пред неколку денови станува и официјално. Имено Мрме ќе прозива во Швајцарија, и тоа на 12 ноември (понеделник) во „Панорама ресорт".

објавено: 7 ноември 2018 - 21:05

Тоа е база блиску до градчето Фојсисберг, база која ја користи и фудбалската репрезентација на Швајцарија.

Таму ќе се тренира во една мирна атмосфера до 15 ноември, кога потоа се оди во Вадуц кој е одалечен само 50 км од Фојсисберг.

Во главниот град на Лихтенштајн на „Рајнпарк стадионот", ќе се одработи само оној задолжителен тренинг, а утредента, на 16 ноември од 20:45 часот се игра и натпреварот.

Најново во Фудбал