АТМОСФЕРАТА Е ОДЛИЧНА, АПЕТИТЕ СЕ ГОЛЕМИ

Николов и Нестор едногласни: Немаме намера да застанеме, одиме по нови победи

Македонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за новите два натпревари од Лигата на нации против Лихтенштајн на домашен терен и Ерменија на гости. 

објавено: 10 октомври 2018 - 11:27

Македонија со две победи ја стартуваше Лигата на нации. Пред нашиот најдобар национален состав се дуелите против Лихтенштајн на домашен терен, а потоа гостувањето кај Ерменија. Атмосферата е одлична, амбициите остануваат исти - да се продолжи победнички и на следните два натпревари. 

Бобан Николов, еден од најмладите фудбалери во репрезентацијата посакува два нови триумфи за зацврстување на првото место на табелата и потврден настапот во следната фаза.  

„Имаме две победи кои ни даваат голема самодоверба, да продолжиме како што почнавме. Не смееме да застане тука. Одиме чекор по чекор, пред нас е дуелот со Лихтенштајн. Мора да го добиеме овој меч, потоа следува гостувањето во Еремнија. Мислам дека со две победи или едно реми ќе се зацврстиме на првото место. Зошто уште од сега да не ја завршиме целата работа и да се најдеме во следниот круг“.

Илија Несторовски размислува слично, ја прифаќа улогата на фаворит и секако очекува победа против Лихтенштајн за зголемување на самодовербата пред гостувањето во Ерменија.   

„Знаеме дека сме фаворити, максимално сме концентирани за овој натпревар. Знаеме што значи победа. Добрата игра од дуелот со Лихтенштајн ќе ни даде поголема самодоверба на следниот меч“, рече Несторовски, кој се надева дека добрата игра во дресот на Палермо ќе ја пренесе во редовите на репрезентацијата.

Натпреваро со Лихтенштајн се игра на 13 овој месец, додека три дена подоцна нашите фудбалери и гостуваат на Ерменија.

Најново во Фудбал