У21: МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВ ЕВРОКВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛ

Надежите тренираа пред утрешниот меч против Русите (ФОТО)

В петок македонската млада фудбалска репрезентација ќе го игра својот претпоследен натпревар од квалификациите за ЕП 2019 против Русија на „Арсенал" стадионот во Тула.

објавено: 11 октомври 2018 - 21:08

Нашите фудбалски надежи го имаат официјалниот тренинг пред утрешниот меч против домаќинот кој ја има фаворитската улога.

Избраниците на селекторот Илиевски ќе дадат се од себе да се вратат од ова гостување без пораз, пред одигрувањето на последниот дуел од квалификацискиот циклус дома против Гибралтар во рамките од групата 7.

Илиевски е свесен дека одамна шансите за ЕП се загубени, но секој бод до крајот ќе биде драгоцен и неговите момци ќе го дадат максимумот и ќе играат на поволен резултат.

Најново во Фудбал