ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ЛЕСНИ ПРОТИВНИЦИ ВО ДЕНЕШНИОТ ФУДБАЛ

Муслиу: Се надевам дека ќе постигнам гол, важно е да триумфира Македонија!

Фудбалерот на Шкендија верува дека со една максимална ангажираност, нашата најдобра фудбалска селекција може да дојде до нов триумф во групата 4 од Лигата „Д".

објавено: 11 октомври 2018 - 12:05

Висар Муслиу на последниот квалификациски натпревар за СП 2018 во Струмица го постигна првиот гол во сениорскиот дрес токму против Лихтенштајн.

Се надева дека и овојпат повторно ќе стрела во мрежата на овој противник, а од друга страна смета дека не треба да се потценува нашиот следен ривал во УЕФА Лигата на нации.

„Тренинзите одат со висок интензитет, за овој меч треба максимално да влеземе на теренот. Го анализиравме ривалот, со цел да имаме полесен меч и секако да се обидеме да ги освоиме бодовите. Нема лесни противници во денешниот фудбал, но со максимална ангажираност можеме да оствариме победа. Се надевам дека ќе дојдам до можност да постигнам гол, но поважно е на крајот да триумфира Македонија. Стартувавме многу добро со две победи, се надевам дека ќе продолжиме со овој ритам, дека и понатаму ќе ги радуваме нашите навивачи и дека на крајот ќе го освоиме првото место во групата", изјави македонскиот репрезентативец Висар Муслиу.

Најново во Фудбал