ИАКО ОСТАНУВААТ ПОВЕЌЕ ОД ТРИ МЕСЕЦИ ДО ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Мрме без пријателски ќе ја чека Летонија

Една од главните причини за тоа е фактот дека до 21 март не се планирани ФИФА термини за одигрување на контролни или пријателски натпревари. Селекторот Игор Ангеловски не планира ни зимски собири во Анталија и слично како што беше лани случај.

објавено: 7 декември 2018 - 10:30

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, како што е добро познато, имаше релативно „лесна" ждрепка за квалификациите за пласман на ЕП 2020 година. За ривали ги добивме селекциите на Полска, Австрија, Словенија, Израел и Летонија. Група во која Македонија секако дека има добри шанси да освои доста бодови и ако успее да ги повтори одличните игри од Лигата на Нации, да се бори и за висок пласман.

Инаку веднаш по ждрепката, откако го дозна и распоредот, селекторот Игор Ангеловски почна со своите „подготовки" за тоа што него и неговите избраници ги чека во фудбалската 2019 година.

БЕЗ КОНТРОЛИ ДО СТАРТОТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Најважно од се е тоа дека нашата репрезентација предводена од Ангеловски нема да одигра ниту еден пријателски натпревар до 21 март, до стартот на квалификациите. Една од главните причини е таа што до следните три месеци нема ФИФА термини, па и поради тоа Македонија нема можност да игра, односно да се „тестира" со некој адекватен ривал. Како што дознаваме од таборот на репрезентацијата, селекторот Ангеловски, за разлика од лани, во овој зимски период не планира разни собири и слично. Да се потсетиме дека лани престојуваше во Анталија и одигра таму две пријателски меча со Азербејџан и Финска.

ЛЕТОНИЈА ПА СЛОВЕНИЈА ВО МАРТОВСКИОТ ЦИКЛУС

Посилни за Радески, Д. Велковски, Ристовски...

Во текот на Лигата на Нации селекторот Ангеловски имаше проблеми, не можеше воопшто да смета на двајца свои клучни играчи. Имено поради повреда воопшто не настапија Марјан Радески и Дарко Велковски. Потоа се повредија и Стефан Ристовски и Стефан Спировски. Добра вест за селекторот Ангеловски е таа што сите четворица веќе се во тренажен процес и дека до март, до стартот на квалифиикациите нашата селекција со нив ќе биде уште посилна.

Најново во Фудбал