НЕ ОДИ СПОРЕД ПЛАНОТ

Многу голгетери, а голот го нема

Хасани во 18 минута утна идеална прилика за погодок сервирана од Горан Пандев. Имаме иницијатива, но сето тоа не е доволно за водство.

објавено: 16 ноември 2018 - 21:36

Од Вадуц,

Игор Д. Ивановски

Тешко се пробива Лихтенштајн. Тоа е констатацијата по првите 45 минути во Вадуц каде Македонија не успева да стигне до посакуваната цел, водство против аутсајдерот. Нашиот тим е решен по секоја цена да стигне до победата и трите бода. Со пет напаѓачи во стартниот состав тргна Игор Ангеловски. Горан Пандев е нашата прва виолина кој везе на теренот, но и тоа е недоволно. Каква само топка му сервираше капитенот на Ферхан Хасани во 18 минута. Иделна шанса за гол на Буба, но од 7-8 метри бие крај голот. Тоа беше единствениот момент кој го имавме за да стигнеме до водство. Многу голгетери, а голот сеуште го нема...

Лихтенштајн е во тотална дефанзива и многу далеку од голот на Димитриевски.
Да се надеваме дена во вторите 45 минути се ке биде во ред и дека ќе успееме да го „отвориме" слабиот Лихтенштајн. Да се израдуваат и нашите навивачи кои се во голем број на трибините на „Рајн Парк", стадионот во Вадуц.

Лихтенштајн – Македонија 0:0 (полувреме)
Стадион: „Рајн Парк", во Вадуц. Гледачи: 2.500
Главен судија: Петр Арделеану, од Чешка.

Лихтенштајн:. Бухел, Брандл, Гопел, Куинтанс, Сале, Веисер, Салановиќ, Мејер, Речстенер, Палверино.
Селектор: Рене Пауртич

Жолт картон: Веисер (44`)

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Тричковски, Трајковски, Пандев, Хасани, Бејтулаи, Николов, Барди, Несторовски.
Селектор: Игор Ангеловски

Најново во Фудбал