Резервниот голман на нашата репрезентација повреден

Митов-Нилсон има повреда, тренира одвоено

Чуварот на мрежата на шведски Норчепинг денеска тренираше одвоено од репрезентацијата поради повреда на грбот.

објавено: 10 октомври 2018 - 18:43

Во пресрет на дуелите со Лихтенштајн и Ерменија, мал проблем за селекторот Игор Ангеловски може да биде повредата на резервниот голман, Давид Митов-Нилсон. Чуварот на мрежата на шведски Норчепинг денеска тренираше одвоено од репрезентацијата поради повреда на грбот.

Засега нема информација дали тој ќе може да биде на располагање за саботниот дуел со селекцијата на Лихтенштајн. Останува во нардниве денови да се види како ќе оди опоравувањето и дали тој ќе остане во игра за место во ростерот за дуелот на „Националната Арена“.

Најново во Фудбал