ПО УСПЕШНИОТ СТАРТ И ПРВИТЕ ПОБЕДИ ВО УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Македонија има голема шанса да биде во четвртиот шешир!

Одиграни се првите два кола во новоформираното натпреварување УЕФА Лигата на нации и веќе сега може да се види во кој шешир би можел да биде македонската А репрезентација во квалификациите за ЕУРО 2020.

објавено: 13 септември 2018 - 08:30

Нашата селекција во првите два меча забележа победа во Гибралтар (0:2), а со истиот резултат во Скопје триумфираше против Ерменија и со максимални шест бодови е на првото место во групата 4 од Лигата „Д".

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски би можеле во октомври да направат уште поголем исчекор во освојување на првото место кое води во следната фаза. Најпрвин на 13. октомври на „Филип Втори" ќе го пречекаат Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваат кај Ерменците.

Освен што првата позиција во групата на Лига на нации донесува пласман во повисок ранг, таа исто така влијае на одредување на шеширите за квалификациите за Европското првенство 2020 година. Ждрепката за извлекување на квалификациските групи ќе се одржи на 2. декември 2018 год. во Даблин.

Голема шанса да дојдат во четвртиот шешир имаат нашите најдобри фудбалери кои доколку го освојат првото место во групата 4 преку кое воедно автоматски ќе обезбедат и директен пласман во Лигата „Ц".

Дека е од голема важност да се обезбеди добар пласман во Лигата на нации говори и податокот дека оние најдобрите во своите лиги обезбедуваат сигурен пласман во баражот, што е последна станица во квалификациите за наредното ЕП. Во тој бараж ќе учествуваат 16 репрезентации.

Тие места се прво резервирани за четирите победници на групите во секоја лига, но бидејќи во прв ред во Лигата „А" ќе се случи поголем дел од тие селекции да изборат пласман низ квалификациите, кои се одржуваат во текот на календарската 2019, тогаш ќе има поместување на тие места, а потоа ќе се пополнуваат врз основа на вкупниот пласман во Лигата на нации.

На пример, доколку помеѓу 20. репрезентации кои изборат право низ квалификациите, има 20 најдобри, значи селекциите од Лигата „А" и осум од Лигата „Б", тогаш пласман во баражот, покрај победниците на групите во Лигите „Ц" и „Д", кои вклучуваат места во вкупниот пласман од 21. до 24. место и од 36. до 39., и осум репрезентации помеѓу 25. и 32. место.

Во баражот овие 16 селекции би одиграле помеѓу себе два елиминациски рунди. Во првата би се играле два натпревари, а во финалната, која би ги одредила конечните четири учесници, само еден меч. Репрезентациите пред ждрепката би биле во четири шешири со по четири репрезентации, врз основа на рангирањето во Лигата на нации и така би се добиле четири „костури“.

Најново во Фудбал