ЗА СЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОД УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Лихтенштајн го објави списокот за дуелот против Македонија (ФОТО)

Следниот ривал кој е предводен од селекторот Рене Паурич ги објави имињата кој ќе им се спротивстави на избраниците на Игор Ангеловски на 13. октомври.

објавено: 4 октомври 2018 - 11:24

Дуелот помеѓу Македонија и Лихтенштајн ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје со почеток од 20:45 часот.

Во групата 4 од Лигата „Д" води Македонија со максимални шест бодови, Ерменија и Лихтенштајн имаат по три, Гибралтар е последен без бодови.

Три дена подоцна на 16. октомври нашите најдобри фудбалери гостуваат можеби и во еден од најважните мечеви за освојување на првата позиција во Ереван против Ерменците.

Составот на Лихтенштајн за дуелот против Македонија:

Голмани - Бухел Бенџамин (Вадуц), Хоби Томас (Хохенемс), Оспелт Џастин (Вадуц 2).

Одбрана - Еберле Фабиан (Конолфинген), Гопел Максимилијан (Вадуц), Полверино Мишел (Балцерс), Кауфман Даниел (Балцерс), Малин Андреас (Дорнбирн), Мартин Рештајнер (Балцерс), Сандро Вајзер (Вадуц), Сејхан Јилдиз (Балцерс).

Среден ред - Мартин Бухел (Цирих), Винзенз Флац (Конолфинген), Робин Губсер (УСВ Ешен/Маурен), Николас Хаслер (Чикаго Фајр), Ливио Мејер (УСВ Ешен/Маурен), Арон Селе (Вадуц), Марко Волфингер (Балцерс), Сандро Волфингер (УСВ Ешен/Маурен).

Напад - Марсел Бухел (Емполи), Филип Ерне (Балцерс), Никлас Кибер (УСВ Ешен/Маурен), Денис Салановиќ (Тун).

Повикани во селекцијата се уште: Даниел Брандл (СВ Пулах), Олкај Гур (Шур 97), Армандо Хееб (Шур 97), Јенс Хофер (Мунсинген), Дарио Кајзер (Конолфинген), Лоренцо Ло Русо (Линт 04), Клаудио Мајер (Шур 97), Матијас Селе (Балцерс).

Најново во Фудбал