МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ИЗВЛЕЧЕНА ОД ПЕТТИОТ ШЕШИР ВО ДАБЛИН

Каде можете да ја следите ждрепката за квалификациите за ЕП 2020?

Ждрепката за извлекување на квалификациските групи за пласман на Европското првенство кое што во 2020. година ќе се одржи во 12 градови ширум Европа ќе биде одржана денеска во 12:00 часот по средноевропско време.

објавено: 2 декември 2018 - 11:16

Репрезентацијата на Македонија ќе ги дознае противниците во квалификациите кои што ќе започнат во март, а завршуваат во ноември наредната година.

Нашата селекција е сместена во петтиот шешир заедно со репрезентациите на Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Фарски Острови, Гибралтар, Казахстан, Косово, Луксембург и Молдавија.

Директен пренос од ждрепката за квалификациите ќе има на „Спорт Клуб 1", а исто така во живо и на UEFA.com, на следниот линк ТУКА

Најново во Фудбал