МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНСКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ГИ ДОЗНАА РИВАЛИТЕ ВО НИОН

Јуниорките ќе ја пречекаат Франција, кадетките ќе играат во Данска!

Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беше извршена ждрепката по која се дознаа квалификациските групи за пласман на европските шампионати 2020 за женските У17 и У19 фудбалски репрезентации.

објавено: 23 ноември 2018 - 22:08

Македонските јуниорки (У19) се сместени во групата 1 со селекциите на Франција, Шведска и Словачка. Квалификацискиот турнир ќе биде одржан од 1. до 7. октомври 2019. година во нашата земја.

Најдобрите две од секоја група, како и четири најдобро третопласирани ќе се квалификуваат за елитната ринда на квалификации чии мечеви ќе се одиграат во пролетта 2020 година. А таму ќе се дознаат седум репрезентации кои ќе патуваат на ЕП 2020 (јули) каде што домаќин е Грузија.

И нашите кадетки (У17) ги добија ривалите за пласман на Европското првенство во Шведска 2020 година.

Тие се најдоа во групата 6 заедно со селекциите на Данска, Русија и Велс. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Данска во периодот од 22-28 септември 2019. година. Двете најдобри од секоја група, како две најдобро третопласирани репрезентации ќе обезбедат настап во елитната рунда (пролет 2020 год.)

Најново во Фудбал