Селекторот на У-21 Добринко Илиевски Пижон предмалку го објави списокот за претстојните дуели со Русија (12.10) и Гибралтар (16.10). Тој направи неколку измени во однос на минатите мечеви.
Нови играчи се Кристијан Трајчевски од Оливера (Португалија), Агрон Руфати и Оливер Стојменовски, тука е и Кристијан Трапановски. Фазлагиќ и Чурлинов ќе играат за У-19.
„Пред нас се двата последни мечеви во овие квалификации. И двата имаат специфична тежина. Русија има квалитетен состав и ќе игра пред својата публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме. Јас се надевам дека ќе им вратиме на Гибралтар по оној пораз не негов терен, но диме чекор по чекор. Прво Русија па потоа ќе мислиме на Гибралтар" изјави на пресот Илиевски.