ЛИХТЕНШТАЈН ДОАЃА СО НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР ЗА 2018

Да внимаваме на Николас Хеслер...

Играчот на Чикаго беше прогласен за најдобар фудбалер на Лихтенштајн за 2018 година. Ајде да видиме од што е направен...

објавено: 11 октомври 2018 - 09:30

Селекторот Рене Паурич има проблеми со неколку повредени фудбалери, меѓутоа затоа во тимот го има најдобриот фудбалер на државата за 2018 година Николас Хеслер. Тој ќе го предводи тимот на Лихтенштајн на дуелот со Македонија во сабота како и на наредниот меч со Гибралтар во вторник.

Хеслер ја доби наградата на церемонија во Вадуц за своите извонредни настапи за клубот Чикаго фајр од МЛС и за репрезентацијата. 27-годишниот фудбалер има 53 натпревари во дресот со националните обележја, а всушност трета пат ја освојува најпрестижната фудбалска награда во Лихтенштајн. Еднаш ја освои во 2015 и вториот пат минатата година.

Хеслер е во Чикаго две години, а претходно шест сезони ги бранеше боите на Вадуц. Неговата примарна задача е да ги разигрува напаѓачите, па нашите фудбалери ќе треба посебно да внимаваат на него. На првиот меч против Ерменија тој асистираше за голот на Волфингер (тогаш за 1:1), а на вториот против Гибралтар му асистираше на Салановиќ за голот за водство од 1:0.

Најново во Фудбал