НЕПОСРЕДНО ПРЕД САБОТНИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН

Четири фудбалери од репрезентацијата со стомачен вирус

Проблеми за селекторот Игор Ангеловски во пресрет на утрешниот меч од УЕФА Лигата на нации во Скопје против Лихтенштајн.

објавено: 12 октомври 2018 - 09:56

Како што дознаваме четири фудбалери имаат проблем со стомачен вирус, што секако не е добар знак на нешто помалку од 48 часа пред средбата. Тие се Бобан Николов, Мите Цикарски, Ферхан Хасани и Стефан Спировски.

Од утринава се жалат на стомачни мачнини, а лекарскиот тим ги презема сите мерки да ги оспособи фудбалерите за извршување на сите активности.

Тоа е причината за одложувањето на денешните активности на А репрезентацијата на Македонија.

Најново во Фудбал