ИАКО СЕ НАОЃААТ ДУРИ ВО ВТОРИОТ ШЕШИР ПРЕД ЖДРЕПКАТА

Босанците не ја сакаат Македонија во квалификациите за ЕУРО 2020!

Се ближи денот (2. декември, Даблин, 12:00 часот) кога ќе се одржи ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2020. година.

објавено: 27 ноември 2018 - 19:42

Да потсетиме, најдобрата македонска репрезентација ќе биде извлечена од петтиот шешир, повеќе можете да прочитате ТУКА

Селекцијата на Босна и Херцеговина се наоѓа дури во вториот шешир, но не ја сака Македонија како противник во квалификациите за следното ЕУРО.

Босанците дури и ја сместија нашата селекција во најтешката можна група: Франција, Босна и Херцеговина, Србија, Грција, Македонија, Летонија.

Од петтиот шешир БиХ вели дека со сите репрезентации би имала шанси, освен против Македонија која е во подем. Затоа Македонија за нив е најмалку посакувана опција, односно имаат желба да налетаат на Гибралтар, Фарски Острови..Потсетување, дека поради политички причини УЕФА донесе одлука дека БиХ не може да биде во група со Косово.

Првопласираните две репрезентации од секоја квалификациска група одат директно на ЕП. Како што е веќе познато квалификациите ќе се играат од 21. март до 19. ноември 2019. година, а плејофот кој сега се обезбедува преку Лигата на нации, каде што сме и ние, е закажан за периодот од 26-31 март 2020. година.

Најново во Фудбал