НАБИЕНА СЕЛЕКТОРСКА АГЕНДА

Ангеловски во Лондон, на состанок со колегите

Нашиот селектор викендов ќе престојува во Лондон, каде ќе земе учество на стручната анализат за настаните на СП 2018 во Русија

објавено: 22 септември 2018 - 10:30

Селекторот Игор Ангеловски, по престојот во Загреб, од денеска е во Англија, во Лондон. Прво тој ќе „скокне" до Лидс, каде ќе го проследи дуелот на Лидс против Бирмингем, на кој за домашните ќе настапи Езџијан Алиоски. Потоа ќе биде дел од собирот на ФИФА на кој сите селектори во Лондон ќе го анализираат СП во Русија 2018 година, тоа ќе се случува утре. Да потсетиме дека пред две години, нашиот селектор беше на таков состанок по завршување на ЕП во Франција.

Додека во понеделник во Лондон, селекторот Ангеловски ќе присуствува и на доделувањето на Златната топка на ФИФА.

Адеми ќе може со Лихтенштајн и Ерменија

Ангеловски во Загреб имал средба со Аријан Адеми, кој не настапи за Динамо против Фенербахче.

„Добив уверување од Адеми дека полека, но сигурно заздравува. Наскоро ќе се најде во тимот на Динамо а секако дека ќе можеме да сметаме на неговите услуги за дуелите во Лигата на Нации против Лихтенптајн и Ерменија" ни изјави селекторот.

Најново во Фудбал